КВАНТНА МЕДИЦИНА И ДИЈАГНОСТИКА
- КВАНТА МЕДИЦИНА
Многу институти, клиники, ординации, факултети и научно-истражувачки центри низ светот секојдневно применуваат и развиваат нови квантни пристапи кон исцелувањето.
Квантната медицина ги спојува најсовремените достигнувања на биофизиката и квантната физика со познавања за енергетските полиња во организмот. Лекувањето во квантната медицина се темели на информацијата што ја содржи секоја материја. При појавата на болест, во материјата постои информација за таа болест, но исто така и претходна информација од моментот кога материјата била здрава, па така со корекција на нарушената фреквенција на електромагнетното поле организмот може да се врати во електромагнетна рамнотежа.
ФРЕКВЕНЦИЈАТА КАКО МЕРНА ЕДИНИЦА ВО КВАНТНАТА МЕДИЦИНА
Секој орган, клетка, емоција и функција во нашиот организам има свој карактеристичен електромагнетен бран со одредена фреквенција, бранова должина и амплитуда. Секое отстапување од таа фреквенција на стабилна состојба или здравје ја нарекуваме болест (или нестабилна состојба).
ЛЕКУВАЊЕ СО ПОМОШ НА КВАНТНА МЕДИЦИНА
Практиките за лекување на квантната медицина се безболни и комфорни за пациентот. Со холистичкиот пристап пациентот се разгледува како целина, односно се лекува човечки организам, а не одредена болка. Потребно е кратко време за да се добијат голем број информации за сите органи и органски системи, т.е. за целосната здравствена состојба на пациентот.